Црно му било пишано на Александро Турунџев

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Црно му било пишано
на Александро Турунџе
шеснајгодишен војвода
на седумнајста го фатија.
Бог да убие кодошот,
кодошот Митре Гинката,
што го предаде Турунџе,
тој неустрашен бунтовник.
Тој го предаде Турунџе,
за сто и пејсет жолтици,
тој го предаде Турунџе,
на тие клети душмани.
Го турија во зандани,
во тие темни долапи,
со тешки франги на раце,
и дробен синџир на гуша.
Го изведоа на Ат-пазар,
му ја кажаја бесилката,
цела се Битола расплака,
за Александро Турунџе.


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Блог за македонски народни песни

Музика