Црнеј горо, црнеј сестро
Изглед
- Црнеј горо, црнеј сестро
- двајца да црнејме
- ти за твојте лисја ле горо
- јас за мојта младост.
- Твојте лисја, горо сестро
- пак ќе ти се вратат
- а мојата младост горо
- нема да се врати.
- Мене мајка ме посврши
- преку три планини
- што не сакав горо сестро
- на пат да го сретнам.
- Дење оди горо сестро
- по твојата шума
- ноќе оди горо сестро
- по бели друмови.
- Сношти ми донесе горо
- братовата рака
- јас ја познав горо сестро
- по златниот прстен.
- Црнеј горо, црнеј сестро
- двајца да црнејме
- ти за твојте лисја горо
- јас за мојта младост.