Прејди на содржината

Ценив се у попа

Од Wikisource
Ценив се у попа,
да му чувам гуските.
Шарена гајда исшарана,
с'с мониста нанижана.
Зумбај, зум-ба-ба.
Откара ги долови,
куде вода не тече.
Куде вода не тече,
куде трава не нича.
Шарена гајда исшарана,
с'с мониста нанижана.
Зумбај, зум-ба-ба.
Оздол' иде попиште,
врти очи к'о плочи.
Шарена гајда исшарана,
с'с монисти нанижана.
Зумбај, зум баба.
Два шамара ми удри,
гуските ми отера.
Гуските ми отера,
гајдата ми ја зема.
Шарена гајда исшарана,
сас мониста нанижана.
Зумбај, зумбаба.

Поврзано

[уреди]