Филка мома моле Бога

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Филка мома моле Бога

Филка мома моле Бога
да ја сторе едно пиле
да прелета ширно море
да си иде ју Солуна
Да си иде ју Солуна
Уф чаршија на сергија,
да си купе астухрина
да и’ шие антерија
Да и’ шие антерија
д’лга д’лга ем широка
да се вее до земјата
да ја гале калдрмата
И ка ќ’ онде на орото
на орото леле кукушкото
дек што играт сал ергени
сал ергени Кукушани
Да ја видат ергените
ергените Кукушките
да запукат комшиите
комшиите душманите


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Надворешни врски[уреди]

Музика

Поврзано[уреди]