Филизој моме, Филизо
Изглед
- Филизој моме, Филизо
- малој моме,
- излези на пенџерето, ај
- да ти го видам лицето.
- Да ти го вида лицето,
- малој моме,
- шо лице носиш на тебе, ај
- дали прилегат за мене.
- На слика да го сликувам,
- малој моме,
- в' тефтерот да го наредам, ај
- в' тефтерот да го наредам.
- В' тефтерот да го наредам,
- малој моме,
- за кога да ода на војска, ај
- за когата одам на војска.
- Шом ќе ми текнет за тебе,
- малој моме,
- тефтерот да го отвора, ај
- меракот да ми поминет.