Фатила зима

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Фатила зима е македонска народна песна.

Текст на песната[уреди]

Фатила зима, зима голема,
зима голема, снег до колена,
покрила гора, гора зелена,
гора зелена, шума бујата.
Запаша Стојна бомби, фишеци,
бомби, фишеци, шмајзер на рамо.
Тргнала Стојна во гора зелена,
во гора зелена, шума бујата.
Таму ги најде нејните другари,
нејните другари, млади партизани,
нејните другари, млади партизани,
нејните другарки, млади партизанки.
Еј вие, другари, млади партизани,
млади партизани, млади партизанки,
дали го видовте моето братче,
моето братче и моето либе?
Ние ги видовме твоето братче,
твоето братче и твоето либе,
ние ги видовме во Прилепа града
борба водеа со фашистите.

Види исто така[уреди]

Извор[уреди]


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.