Учи ме мила мајко карај ме

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Учи ме мила мајко, карај ме,
леле карај ме,
како да кинисам, мајко, по него,
леле, по него.
Са ноќ сум мила мајко, неспана,
леле неспана,
од тоа лудо младо, пијано,
леле, пијано.
Лажи го, мила ќерко, мами го,
леле мами го,
дур' да си дојдат ќерко браќа ти,
леле, браќа ти.
Браќа ти се мила ќерко комити,
леле комити,
тие ќе му глава ќерко отсечат,
леле отсечат.

Поврзано[уреди]