Устав на Тајната Македонско-Одринска Револуционерна Организација
Устав на Тајната Македонско-Одринска Револуционерна Организација од ТМОРО |
од 1896 г. |
Глава
Чл. 1. Тајната македонско-одринска револуционерна организација има за цел да ги сплоти во едно цело сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народност, за извојување преку револуција полна политичка автономија за тие две области. Чл. 2. За постигање на таа цел организацијата се бори да ги премавне шовинистичките пропаганди и националните караници кои го расцепуваат и обессилуват македонското и одринското население во неговата борба против општиот непријател; дејствува за внесување на револуционерен дух и свест меѓу населението и ги употребува сите средства и усилби за поскорешното и своевремено вооружување на населението со се’ што е неопходно за едно општо и сеопшто востание. Глава Состав и устројство
Чл. 4. Член на ТМОРО може да биде секој Македонец и Одринец, кој не е компромитиран со ништо нечесно и бескарактерно пред општеството и кој ветува и се задолжува да му биде полезен на револуционерното ослободително дело. Чл. 5. Секоја организација се раководи и управува од свој местен комитет (управно тело). Комитетите се делат на селски, околиски и окружни. Чл. 6. Секоја месна организација се дели на групи со по еден началник (десетник). Чл. 7. Селските комитети им се потчинети на околиските, околиските на окружните, а целата организација се раководи и управува од Централниот таен револуционерен македонско-одрински комитет. Чл. 8. Селските комитети (управни тела) се избираат од членовите на месните организации и се потврдуваат од околиските комитети (управни тела); последните се раководат од членовите на околиските центри и се потврдуваат од окружните со согласност на Цент. комитет; а окружните се назначуваат направо од последниот. Во извонредни случаи ЦК има право да го довери раководењето на работите во окрузите и околиите во рацете на едно од него избрано внатрешно или ополномоштено надворешно лице. Чл. 9. Членовите на Централниот комитет се избираат секоја година од околиските и окружните комитети по спогодба. Изборот станува по начин каков што околностите го диктираат. Местото и времето на избирањето се определува од ЦК. Чл. 10. При изборот на ЦК се определува местото на седиштето, кое што ќе им биде познато само на окружните и околиските комитети. Чл. 11. Секој околиски револуционерен реон си има своја чета, задачата на која се определува во специјален правилник. Чл. 12. Секој член од комитетот носи псевдоним, кој му е даден од Центр. комитет.
Чл. 14. За поврзување со околните комитети секој окружен, околиски и селски комитет си има своја тајна пошта. Чл. 15. За следење на работата на надворешните и внатрешните непријатели и за претпазливост од нив, секој комитет си има своја тајна полиција. Чл. 16. Секој комитет го држи во тек на работите во својот реон погорниот од него комитет, а на крајот на секој месец му дава подробен извештај за сите свои работи во секој однос. Глава Материјални средства на револуционерната организација Чл. 17. ТРО ќе се снабдува со пари: 1) од доброволни прилози; 2) од редовните членки влогови и 3) од пари, собрани на начин каков што ЦМОРК ќе го најде за уместен, или пак месниот со претходна согласност на Централниот. Глава Казни Чл. 18. Секој што ќе згреши по штета на делото, бил тој работник или не, се казнува. Казната му се определува од месниот комитет и се извршува со согласност на Централниот. Чл. 19. Врз основа на овој устав е изработен подробен внатрешен правилник. |