Урва Фанка
Изглед
- Урва Фанка, урва Фанка по полето,
- урва Фанка, ој леле, по полето,
- да собери, да собери црно грозје,
- да собере, оф леле, црно грозје,
- црно грозје, црно грозје лисечина,
- црно грозје, ој леле, лисечина.
- Ми ја фати, ми ја фати падарчето,
- ми ја фати, ој леле, падарчето:
- - Таксај Фанке, таксај Фанке што ќе таксаш,
- таксај Фанке, ој леле, што ќе таксаш.
- - Таксана е, таксана е пендолира,
- таксана е, ој леле, пендолира.
- - Не ти сакам, не ти сакам пендолира,
- не ти сакам, ој леле, пендолира,
- тук' ти сакам, тук' ти сакам бело лице,
- тук' ти сакам, ој леле, црни очи!