Уплав

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

„Уплав“

од Блаже Конески


Светка, зимски, мраз по улиците.
Снегот од кровови обвиснува
во мразулци. А што ни смислува
ќе кажат допрва капавиците.
Маглата гризе до утробата.
Ни мрзнат белите дробови.
Не стега в пранги, како робови,
зимскиот уплав и прокобата.