Укинување на Охридската Архиепископија - 1767
Укинување на Охридската Архиепископија - 1767[1]
Со оваа моја доброволна и непринудена оставка долупотпишаниот изјавувам дека поради тоа што не ми е овозможено да ги уредам и поправам потребите на Охридската архиепископија, коишто се јавија една по друга пред вас и во наши дни и им дадоа не мал повод на злосторниците да го напаѓаат името на Архиепископијата и да ги оштетуваат и навредуваат потчинетите на Охридската архиепископија митрополити и нејзината бедна раја, и бидејќи не може поинаку да се избави од нивните раце тамошната земја и сиот христијански род, освен преку уништувањето на Архиепископијата - поради тоа имено се откажувам од Охридската архиепископија, освен од мојата поранешна Пелагониска епархија (којашто уште ја имам додека сум жив за своја прехрана и за задоволување на своите потреби). При таква согласност со моите собраќа свети архиереи се направи и оваа (моја) доброволна и непринудена оставка, којашто треба да се постави во светиот кодекс на Великата Христова црква (и во оној на блажениот ерусалимски патријах г. Партениј) 1767 г. Јануари 16.
Охридски Арсениј ветува
- ↑ Укинувањето на Охридската архиепископија станало по отстранувањето на архиепископот Арсениј на 16 јануари 1767 година, кога тој бил принуден да даде отказ. Овде се дава во целост неговиот отказ од Архиепископијата.