Прејди на содржината

Убаво Македонче

Од Wikisource
Кога тебе те сретнав
умот ми го однесе [x2]
такво момче убаво
нигде немам видено. [x2]
Многу ноќи јас не спијам
и на тебе се си мислам
ах бре ергенче,
Многу ноќи јас не спијам
и на тебе се си мислам,
убаво Македонче.
Желба ми е голема
срце ми разигрува, [x2]
едно барам од тебе
вечно да си со мене. [x2]
Многу ноќи јас не спијам
и на тебе се си мислам
ах бре ергенче,
Многу ноќи јас не спијам
и на тебе се си мислам,
убаво Македонче.
Несреќна би била знај,
несреќна јас без тебе, [x2]
нема среќа ни радост
ако не си со мене. [x2]
Многу ноќи јас не спијам
и на тебе се си мислам
ах бре ергенче,
Многу ноќи јас не спијам
и на тебе се си мислам,
убаво Македонче.

Поврзано

[уреди]