Триесет и девет минаја
Изглед
Триесет и девет минаја
- Триесет и девет минаја
- Минаја триесет и девет,
- И четириесета навлезе,
- Од ко се дигна на нозе,
- Целата Македонија,
- Од кога народ поробен,
- Стана да кршат окови.
- Триесетидевет години,
- Години како векови,
- Нито се крвта исуше,
- Турена по планините,
- Нито секнаја солзите,
- Солзите на робините.
- Триесетидевет години,
- Триесетидевет камења,
- Секои од кого потежок,
- Секои од кого постуден.
- Триесетидевет темници,
- Која од која погрозна.
- Триесетидевет години,
- Обеле коса на глава.
- На стари еден војвода,
- На Илинденски комита,
- Лоша го старост наведе,
- Црни го мисли испиле.
- Лута го тага изела,
- За таа пуста слобода.
- Но, што му очи светнаја,
- Што му се лице разведри?
- Кога си виде внуците,
- Во нова рува комитска,
- Со танка пушка на рака,
- Со срце машко во гради,
- Силна го надеж утеши.
- Радост го в старост окрепи,
- Срце на младост затупка.
- Осуна славен Илинден,
- Во светла, бела промена,
- Над славно село Смилево.
- Во горда Бигла планина,
- Триесетидевет години,
- минаа како векови.
- Деветстотретата остана,
- Само во света промена.
- Ропство се тешко надвило,
- Не дават душман слобода,
- Не можит глава да кренит,
- Народ потеглил окови,
- Султанот сојде нов дојде.
- Излегоа нови спахии,
- Стегнаа нови синџири,
- Ко пелин стана нов живот,
- Силно се Бигла затресе,
- Запееја горје, планини.
- В земја се кријат кодоши,
- Ново ни сонце огреа.
- Храбро се чета зададе,
- Од славна Бигла планина,
- И слезе славно Смилево,
- Народ да крева во борба.
- Се млади како фидани,
- Се силни како арслани,
- Срце за страв им незнаји,
- Една ји мисла поведе,
- Слегоја, в село влегоја.
- Се собра цело Смилево,
- Да слуша думи пламени,
- За нови светли славни дни,
- Радост им срце исполни,
- Душа им пламна за борба.
- Дамјан се исправи пред ними.
- В очи им искрит слобода.