Прејди на содржината

Тинка иди од Битола

Од Wikisource
Тинка иди од Битола
Јонче иди од работа
Море бре, море Јонче
Леле бре, леле Тинке
Јонче иди од работа.
Рефрен:
Ајде Тинке елај ти либе ле
Да те земам за невеста.
Се сретиле меѓу Ресен
Меѓу Ресен и Јанковец
Море бре, море Јонче
Леле бре, леле Тинке
Меѓу Ресен и Јанковец.
Рефрен:
Тинка му вели на Јончета
Запри го Јонче твојто коњче
Море бре, море Јонче
Леле бре, леле Тинке
Запри го Јонче твојто коњче.
Рефрен:
Ајде Тинке ајде душо
Со едната рака, ќе го терам -2
Со другата ќе те гушкам.
Море бре, море Јонче
Леле бре, леле Тинке
Со другата ќе те гушкам.
Рефрен:
Ајде Тинке, елај ти либе ле
Да те земам за невеста
Сакам, Јонче, сакам бре
Либе ле,
Да ти бидам јас невеста.


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано

[уреди]

Надворешни врски

[уреди]

Музика Блог за македонски народни песни