Те сакам песно македонска

Од Wikisource

Те сакам песно македонска е македонска авторска песна на Јанко Узунов.

Текст на песната[уреди]

Те сакам песно македонска
Љубов си ми ти,
младост си ми ти,
песно убава
јас без тебе
знај не можам.
Радост си ми ти,
тага си ми ти,
песно убава
што и да си
ти моја си.
Рефрен
Те сакам песно македонска, македонска
љубов моја ти песно македонска.
Те сакам песно македонска, македонска
младост моја ти песно македонска.
Љубов си ми ти,
младост си ми ти,
песно убава
јас без тебе
знај не можам.
Цвеќе си ми ти
ѕвезда си ми ти,
песно убава
што и да си
ти моја си.
Рефрен


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Блог за македонски народни песни