Та ти ле се најде бабо
Изглед
- Та ти ле се најде, бабо, од толкаво село,
- зелник да ми месиш, бабо, со шчукави раце.
- Кафе да ми вариш, бабо, с гурелави очи,
- кога ти ќе тураш, бабо, па не ми е благо.
- Комшии кажуват, бабо, арна мома имаш,
- Искарај децата, бабо, доведи момата.
- Доведи момата, бабо, затвори вратата,
- сол и леб да јадам, бабо, пак слатко ќе ми е.