Таму долу Криволачко, Црвени Брегови

Од Wikisource
Таму долу Криволачко, Црвени Брегови
Падна јунак за слобода, за Македонија.
Со крвничка полиција борба водеше,
Цел ден он се сражуваше и им викаше:
Ви крвници на народот, надвор од тука
Македонија се дига, вас да истера.
Ја сум чесен македонец, крв македонска,
Ваште раце не се давам, сам се убивам.
Спи спокојно наш јунаку, Никола Петров.
Ти загина за слобода, за Македонија.


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Музика Блог за македонски народни песни