Прејди на содржината

Сум се прошетал мори Ѓурѓе

Од Wikisource

Сум прошетал мори Ѓурѓе, сум прошетало
сум прошетал мори Ѓурѓе цела Америка.
Сум поминало мори Ѓурѓе, сум поминало
сум поминало мори Ѓурѓе седумдесет града.

Во сека града мори Ѓурѓе, во сека града
во сека града мори Ѓурѓе мома сум заљубил.
Од сека мома мори Ѓурѓе, од сека мома
од сека мома мори Ѓурѓе китка сум добило.

Сите ми китки мори Ѓурѓе, сите ми китки
сите ми китки мори Ѓурѓе, редум овенале.
Сал твојта китка мори Ѓурѓе, сал твојта китка
сал твојта китка мори Ѓурѓе, росна ем зелена.

Поврзано

[уреди]