Прејди на содржината

Султанот Бајазит I го потчинува Прилепското Кралство

Од Wikisource
Султанот Бајазит I го потчинува Прилепското Кралство

од н/п
Натпис во манастирот „Преображение“ во Зрзе, по 1395 година.


По волјата а Господ и Бог и Спасителот наш Исус Христос и тоа свето Преображение и по милоста на пречистата божја мајка е создаден овој свет и божествен храм во дните на благочестивиот и христољубив самодржец на сите српски земји[1] и Поморавјето и Подунавјето, царот Стефан[2], со трудот и подвигот на работ божји, монахот Герман.

Откако измина пак господарството на тие благочестиви христијански господари, царот Стефан и неговиот син царот Урош, го прими господарството над овие земји благоверниот крал Волкашин и неговиот син Марко. Во дните нивни го владееа ова свето место, татковината своја, светопотчинетиот пресвештен митрополит кир Јован Зограф и неговиот брат јеремонахот Макариј Зограф, внуци на светиот ктитор, монахот Герман.

По заминувањето пак и на овие господари започна да господари великиот Амир Пајазит, и ова место започна да се разорува и да се пусти.

Белешки

  1. Се мисли на териториите на Душановото Царство
  2. Стефан Душан