Сулејман си има џанам 12 чифлици
Изглед
Сулејман си има џанам
дванајсет чифлици.
Чифлици си дава џанам,
Лена не ја дава.
Лена не ја дава џанам,
што е многу лична.
Бела ем црвена џанам,
тенка ем висока.
Ленинита рамна снага,
тешка половина.
Ленините очи џанам,
црно черешови.
Ленините гајтан веѓи,
морски пијавици.