Стојне бре, Стојне

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Стојне бре, Стојне, убаво моме,
што ти е вино мори црвено?

Што ти е вино црвено, Стојне,
што ти е љута мори ракија?

Дали си моме сама копала,
или си аргати море викала?

Еј море, лудо, аџамија џанам,
не сум го сама море копала.

Јас сум аргати викала лудо,
млади девојки, море беќари.

Затој е вино црвено, лудо,
зато је лута море ракија.

Поврзано[уреди]