Станувај Донке

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Станувај Донке, станувај пиле порано
свршеникот ќе ти дојде,
еј Донке ле.

Немој мамо,
да ме будиш да станам
тој си љуби друго либе
освен мене.

Уште зборот недоречен
тој дојде
и на Донка ѝ се моли
еј до Бога.

Коња јавам,
коњ да пукне под мене
ако љубам друго либе
освен тебе.

Поврзано[уреди]