Стани Донке, стани пиле

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето


Стани Донке, стани пиле порано
свршеникот ќе ти дојде еј на ручок.

Уште зборот недоречен тој дојде
и на Донка и' се моли еј до бога.

Вервај Донке, вервај душо во мене
коња јавам, коњ да пукне под мене
ако љубам друго либе освен тебе.

Поврзано[уреди]