Среќата со пари не се купува

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Нема, нема љубов без двајца нас
а без љубов нема за нас двајца спас.
Среќата со пари не се купува,
љубовта без мерак век не векува. [х2]

Ако пари сакаш друга најди си
ако љубов сакаш мене гледај ме.
Среќата со пари не се купува,
љубовта без мерак век не векува. [х2]

Кој што пари сакал аир не видел
кој што љубел, сакал, живот живеел.
Среќата со пари не се купува,
љубовта без мерак век не векува. [х2]

Поврзано[уреди]