Прејди на содржината

Со маки сум се родила

Од Wikisource
Со маки сум се родила,
со жалости јас ќе си умрам.
Маките да ми ги напишете
озгора на гробот мој. 2х
Ќе се качам на планина,
ќе влезам в темни пештери,
очите да ми паралдисаат,
сонцето да не го видам. 2х
Ќе слезам долу в ѓул-бавчи,
кај тие росни цвеќиња,
кај тој алов катмер каранфир,
кај тој ран бел босилок. 2х

Поврзано

[уреди]