Прејди на содржината

Сон сонила Орданица

Од Wikisource

Сон сонила, леле Орданица,
од Ордана Пиперката.
На полноќ се она разбудила,
Ордан за рака го гибнала.

Стани Ордан море, да би не станал,
лош сон сум ти сонувала!
Да не одиш, Ордан, село Вевчани,
оти е село сардисано.

Не плаши се, мори, Орданице,
ја подај ми остра сабја,
и подај ми пушка берданка.
Да излезам мори пред четата,
па да видам мори Орданице,
кој го село сардисало.

Кога виде Ордан, што ќе види,
цело село море, садисано,
знак ми даде со пушката,
аскер писна до Господа.

Поврзано

[уреди]