Собрале ми се сватови
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Собрале ми се сватови
со девет рала тапани
кумови одат на чело
песна си пеат весело.
Повелете мили гости
куќа ви е отворена. [2х]
Удрете силно тапани
вивнете зурли до небо
секој да чуе разбере
се' живо да се собере.
Пијте вино и ракија
среќно и аирлија. [2х]
Наздравете мили сватови
да ни се живи младите
денеска свадба правиме
а до година крштенка.
Рујно вино се налева
се' до капка се испива. [2х]