Сношти си мамо поминав
Изглед
- Сношти си мамо поминав
- Крај студен бисер, мамо, кладенец.
- Тамо си, мамо мори, јас најдов
- Девојче танко мамо високо.
- Хеј моме, хеј моме, хеј моме убаво,
- Хеј моме, хеј моме, хеј моме убаво.
- На студен камен, мамо, седеше,
- Бело си лице, мамо, миеше.
- Бело си лице, мамо, миеше,
- Руса си коса мамо чешлаше.
- Хеј моме, хеј моме, хеј моме убаво,
- Хеј моме, хеј моме, хеј моме убаво.
- Руса си коса мамо чешлаше,
- На мене ишарет ми даваше.
- Иди ја, мамо мори, посакај
- Дај ќе ја дадат, мамо, за мене.
- Хеј моме, хеј моме, хеј моме убаво,
- Хеј моме, хеј моме, хеј моме убаво.
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |