Сношти минав покрај вашето порте

Од Wikisource


Сношти минав покрај вашето порте
ваш'то порте беше затворено.

Пред портето зелена ливада
во ливада два бели шатори.

Во шатори брат и сестра лежат
братот спие, а сестрата го буди.

Стани брате да би нестанало
наш'то село оган го изгори.

Ако гори нека се запали
кога немам свое машко дете.

Поврзано[уреди]