Прејди на содржината

Сношти минав покрај ваш'то порте

Од Wikisource


Сношти минав покрај ваш'то порте либе
ти на порти стоеше
ај умирам, либе загинвам
и од теб' не се делам.

Бог да бие твојта мајка мило либе
што не двајцата раздели
ај умирам, либе загинвам
и од теб' не се делам.

Поврзано

[уреди]