Сношти минав крај рајската градина

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето


Сношти минав, сношти минав
крај рајската градина
там' си најдов, там си најдов,
два букета рајски цвет. [х2]

Не ми биле, не ми биле
два букета рајски цвет,
тук ми биле, тук ми биле
двајца млади вљубени. [х2]

Јас ги питам, јас ги питам
што е мило на светот
дали пари или имот
или искрена љубов. [х2]

Ак' ме питаш, ак ме питаш
што е мило на светот
ниту пари ниту имот,
само искрена љубов. [х2]

Поврзано[уреди]