Сношти минав, сношти минав

Од Wikisource


Сношти минав, сношти минав
покрај ваш'то градинче,
там си најдов, там си најдов
до два ѓула ц'внати.

Не ми биле, не ми биле
до два ѓула ц'внати
тук ми биле, тук ми биле
до две души вљубени.

Ем се љубат ем се грлат
ем си тихо зборуват
љубовта е, љубовта е
љубовта е отровна.
Меракот е, меракот,
меракот е до гроба.

Поврзано[уреди]