Слушам кај шумат шумите

Од Wikisource
Слушам кај шумат шумите,буките 2х
Слушам кај шумат буките 2х
плачат за војводата,капиданот.
Другари верни другари Македонци
кога низ село врвите,врвите
кога низ село врвите -----
со коњи да не тропате,не тропате. 2х
Со коњи да не тропате,тропате 2х
со коњи да не тропате -----
со пушки да не фрлате,не фрлате. 2х
Да не ве чуе мајка ми старата 2х
да не ве чуе мајка ми ----
ќе ве праша за мене аман за мене. 2х
Каде е син ми Костадин,Костадин 2х
каде е син ми Костадин ----
Костадин војводата капиданот. 2х
Син ти се мајко ожени,ожени 2х
син ти се мајко ожени -----
за една Македонка робинка. 2х


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Блог за македонски народни песни

Во изведба на Ансамбл Танец