Прејди на содржината

Слеј се со тишината/ Убавината

Од Wikisource
„Убавина“

од Ацо Шопов


Me прогони како жена блудна,
ненаситна, похотна, осамена.
Me грабнува вo прегратка пламена
неизбежно и сo cилa судна.
И ме фрла co дланката лесна
в чудна игра, в чудно компонирање,
изгаснувам во грч и умирање
и се враќам в живот како песна.
Па со поглед што блика и зрачи,
потонувам до дно вo модрината,
и кликнувам пак на убавината:
Прострелај ме со своите лачи!
Прострелај ме, па се' нека стивне
без расудок, без празно умување,
и блесокот на тоа лудување,
само твојот блесок нека вивне.

Поврзано

[уреди]