Слеј се со тишината/ Ти не си секогаш таков
Изглед
„Ти не си секогаш таков“ од Ацо Шопов |
- Пријателе, знам, ти не си секоташ таков,
- и не се такви сите твои есени.
- Тажно е да зборуваш осамен во мракот
- за своите радости однесени.
- Тажно е да копнееш за една средба само
- кога ти е животот бескрајно патување,
- галеби да носиш на своето рамо
- a да не гo чуеш нивното милување.
- Тажно е во ноќта да бидеш сам сo птиците,
- да чекаш сo нив сам в некоја пуста станица,
- и додека некој се лула низ улиците
- да мислиш дека ти си, ти си тoj пијаница.
- Пријателе, знам, не е секогаш така
- и не се такви сите твои есени.
- Понекогаш ја топлат твојата рака
- стиховите од ветерот донесени.