Слеј се со тишината/ Разделба

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Разделба“

од Ацо Шопов


Не, и ако отидеш кога узреат маслините
и од глувото пристаниште првиот кораб
крене,
ако сетиш некогаш во бурјанот на годините
како се исчезнува и полека вене, -
Не, тоа не ќe биде обично разделување
и една младост попусто измината,
разделбата ќе прилега на цврсто
прегрнување
на некој превој непознат далеку во иднината.

Видете исто така[уреди]