Слеј се со тишината/ Ноќта
Изглед
„Ноќта“ од Ацо Шопов |
- Ι
- Co лажна убавина ги обвива предметите
- и им дава облик на вистинско збивање.
- Ги измамува луѓето...и само сo поетите
- има допир силен ко најприсно сливање.
- Caл нив им ги отвора широко зениците
- топли од сонувања за дни недонесени,
- меѓу сите предели ги брише границите...
- Затоа поетите гледаат занесени.
- ΙΙ
- Ноќта е заборав, заборавот успивање,
- кога сите мисли на праг ги оставаме.
- Денот клика возбудено: памети ме, памети ме,
- ко пролетни води твое сум разливање,
- a ноќта: пополека се' да забораваме.