Прејди на содржината

Слеј се со тишината/ Лов на езеро

Од Wikisource
„Лов на езеро“

од Ацо Шопов


Птица устремена. Стрвнина.
Исправен нор со закана ..
Глуне езерска поврвнина,
модра од тага. исплакана.
Темниот удар на крилото
темно ја сече модрината.
Блеснува на студенилот
рибата в клунот раскината.
Денот е cив од умирање.
Сами сме. Ништо не велиме.
Некое немо разбирање
не гони да се разделиме.

Поврзано

[уреди]