Прејди на содржината

Слеј се со тишината/ Кон пријателот

Од Wikisource
„Кон пријателот“

од Ацо Шопов


Отпатувај ако ти е мака,
ако чекаш - отпатувај пак.
Возот патник во ноќната мрака
до небето расфрлува траг.
Светла нитка...како галеб летнат,
како шепот и сонлив и тих.
Пријателе, таква нитка светна
утринава и во твојот стих.
Пријателе, пријателе, далек,
пијан одам од копнеж и жед.
Зар е важно дал не плиска залез
или зора пo образот блед.
Светот - свет е, a ти - крв и рана,
кој гo слути твојот жеден плам,
и кој слути дека си фонтана
кога ноќе поминуваш caм.
Отпатувај ако ти е мака,
ако чекаш - отпатувај пак,
Возот - патник во ноќната мрака
ќе расфрла нов и светол траг.

Поврзано

[уреди]