Прејди на содржината

Слеј се со тишината/ Излези

Од Wikisource
„Излези“

од Ацо Шопов


Излези во мугрите, излези во ранина
Ha висока, скалиста, снеговита планина,
пo лицето, снагата ветрот да те милува,
мисла ненаслутена в умот да раскрилува.
Во сина далечина нешто да те понесе,
нешто заборавено она да ти донесе.
Стани сам во мугрите,излези во ранина,
на висока ,скалиста, снетовита планина.
Ќе те плисне ветерот, ќe проструи свежина
и ќе здивнеш слободен од некаква тежина.

Поврзано

[уреди]