Прејди на содржината

Слеј се со тишината/ Залажување

Од Wikisource
„Залажување“

од Ацо Шопов


Таа ноќ е, сине, пеперуга бела:
на макова вршка слета и се скри.
Во маково цветје таа нoќ се вплела.
He мисли ја ти.
Спи, сине, спи.
Таа ноќ е, сине, коњче што се спрема
да замине на пат неброени дни.
Сега се е мирно. Сега ништо нема.
Смири се и ти.
Спи.

Поврзано

[уреди]