Слеј се со тишината/ Ах таа убавина
Изглед
„Ах таа убавина“ од Ацо Шопов |
- Ax таа убавина, ax таа убавина,
- тоа диво во крвта завивање.
- Кине, граба, сече, носи како лавина,
- вечна е притаеност и вечно откривање.
- Не, не треба починка, не треба смирување,
- сето поле пукнало од здравина,
- па крвта е моја светло разденување
- од таа разгаленост, од таа убавина.