Славко Јаневски
Изглед
←Список на автори: Ј | Славко Јаневски (11.1.1920 - 20.1.2000) |
Видете исто така: биографија, медија, цитати. |
Славко Јаневски (Скопје, 11 јануари 1920 - Скопје, 20 јануари 2000) бил истакнат македонски раскажувач, романописец, поет, филмски сценарист, есеист и сликар. Во Скопје завршил основно и стручно-техничко училиште. Од 1945 година е уредник на првиот македонски весник за деца „Пионер“, потоа главен уредник на списанието за деца „Титовче“, на списанијата за литература и уметност „Нов ден“ и „Современост“, на литературниот весник „Хоризонт“ и на хумористично-сатиричниот весник „Остен“. Во меѓувреме работи како уредник во издавачките куќи „Кочо Рацин“, „Наша книга“ и „Македонска книга“.
Творештво
[уреди]- Крвава низа (поезија, 1945)
- Пруга на младоста (со Ацо Шопов, поезија, 1946)
- Пионери, пионерки, бубачки и шумски ѕверки (поезија за деца, 1946)
- Распеани букви (поезија за деца, 1946)
- Милиони маченици (поема за деца, 1948)
- Егејска барутна бајка (поезија, 1949)
- Песни (1950)
- Улица (повест, 1950)
- Лирика (1951)
- Село зад седумте јасени (роман, 1952)
- Шеќерна приказна (сказна за деца, 1952)
- Кловнови и луѓе (раскази, 1956)
- Две Марии (роман, 1956)
- Леб и камен (поезија, 1957)
- Месечар (роман, 1959)
- Сенката на Карамба Барамба (поезија за деца, 1959)
- Марсовци и глувци (поезија за деца, 1959)
- Горчливи легенди (патописна проза, 1962)
- И бол и бес (роман, 1964)
- Стебла (роман, нова верзија на „Село зад седумте јасени“, 1965)
- Евангелие по Итар Пејо (поезија, 1966)
- Црни и жолти (поезија за деца, 1967)
- Каинавелија (поезија, 1968)
- Тврдоглави (роман, 1970)
- Омарнини (раскази, 1972)
- Ковчег (раскази, 1976)
- Оковано јаболко (поезија, 1978)
- Астропеус (поезија, 1979)
- Змејови за игра (поезија, 1983)
- Миракули на грозомората трилогија: Легионите на Свети Адонис, Кучешко распетие и Чекајќи чума (1984)
- Девет Керубинови векови (роман, 1987)
- Глуви команди (поетски избор, 1988)
- Песји шуми (поезија, 1988)
- Чудотворци (роман, 1988)
- Рулет со седум бројки (роман, 1989)
- Скаменетиот Орфеј (поетски избор, 1990)
- Пупи Паф (проза во стихови за деца, 1991)
- Зад тајната врата (раскази, 1993)
- Континент Кукулино (проза, 1996)
- Пупи Паф во Шумшул град (книга за деца, 1996)
- Пупи Паф гледа од вселената (1996)
- Пупи Паф господар на соништата (1996)
- Депонија (роман, 2000)