Славеј пиле рано пее
Изглед
Славеј пиле рано пее е македонска народна песна.
Текст на песната
[уреди]- Славеј пиле рано пее
- Славеј пиле рано пее
- рано пее пред зората,
- па ми буди лудо младо,
- лудо младо не женето.
- Стани, стани лудо младо
- да ми одиш врв планина,
- таму има до три моми
- до три моми Македонки.
- Прва мома дрва бери
- втора мома оган пали,
- втора мома оган пали
- трета мома јагне печи.
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |