Прејди на содржината

Си приготвив јас отрова

Од Wikisource

Си приготвив јас отрова
на градите оштар нож
и на мој живот несреќен
сакав крај да ставам јас.

Ме љубеше тој горкиот
од сѐ срце и душа
душманите направија
да откаже тој од мен'.

Вчера со друга се венчава
нажалено ме гледаше
дигна очи тој кон бога
пролеа солзи за мене.

Ќе облечам црна руба
црна руба до земја
и ќе одам во манастир
калуѓерка да станам.

Поврзано

[уреди]