Сите си појдоа, мамо

Од Wikisource
Сите си појдоа, мамо

од народното творештво

Сите си појдоа, мамо,
сите си појдоа,
сите си појдоа, мамо,
млади партизани.

И јас ќе си појдам, мамо,
и јас ќе си појдам,
и јас ќе си појдам, мамо,
горе во шумата.

Там’ се бијат, мила мамо,
млади партизани,
там’ се бијат, мила мамо,
со клети фашисти.

Извор