Прејди на содржината

Сирак се Стојан разболел

Од Wikisource

Сирак се Стојан разболел
заради нашто комшиче.
Еј, хај, сиромав
името му е Мариче.

Името му е Мариче
со аловото к'враче.
Еј, хај, сиромав
со свиленото шамивче.

Со аловото к'враче
и со белото блузиче.
Еј, хај, сиромав
и со белото блузиче.

Иди ја мамо посакај
за неа да се оженам.
Еј, хај, сиромав
за неа да се оженам.

Поврзано

[уреди]