Се собрале комитите

Од Wikisource

Се собрале комитите,
ќе ми одат в Суво поле.
Напред оди војводата,
војводата Јордан Пиперка.

Ќе ми фаќат метел изин,
ќе го чекат Алил паша.
Што ја грабил руса Стојна,
руса Стојна от Мало Церско.

Проговара војводата:
ај да слеземе долу в Брезово,
да го венчаме Алил паша
за невеста остра сабја.

Поврзано[уреди]