Се скарале, се степале

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Се собрале, се степале,
моми тиквешанки.
Бре, бре, бре,
се собрале, се степале,
бре, бре, бре,
моми тиквешанки.

Раците си сокршиле,
коси искубале.
Бре, бре, бре,
рациве си сокршиле,
бре, бре, бре,
коси искубале.

Си почнале, си почнале,
очи да си вадат.
Бре, бре, бре,
си почнале, си почнале,
бре, бре, бре,
очи да си вадат.

Сè за едно лудо, младо,
лудо, неженето.
Бре, бре, бре,
сè за едно лудо, младо,
бре, бре, бре,
лудо, неженето.

Поврзано[уреди]