Прејди на содржината

Се свалила Митра долу во градина

Од Wikisource

Се свалила Митра, се свалила,
аман се свалила Митра,
долу во градина.
Да набере Митра, да набере,
да набере Митра,
ран бел босилок.

Ја фатиле Митра, ја фатиле,
ама ја фатија Митра,
Турци јузбашии.
Ја носиле Митра, ја носиле,
аман ја носиле Митра,
дури во града Солуна.

Ја питале Митра, ја питале,
аман ја питале Митра,
чија вера сака.
Глава дава Митра, глава дава,
аман глава дава Митра,
вера не мењава.

Поврзано

[уреди]